Актуелно

(ВИДЕО) Смртоносно стампедо во Њујорк, полицијата покрена истрага

Властите во државата Њујорк покренаа истрага за да утврдат што го предизвикало смртоносното стампедо на хип-хоп концерт во градот Рочестер.

Во стампедото едно лице загина, а девет се повредени, се вели во денешното полициско соопштение.

„Според тврдењата на очевидци, по концертот, околу 23 часот, се слушнале истрели, потврдил началникот на полицијата Дејвид Смит на прес-конференција“, пренесува Ројтерс.

Како што рече, имало извештаи за истрели од огнено оружје кои предизвикале паника во толпата. Смит истакна дека полицијата не пронашла докази за поддршка на овие тврдења.

Полицијата открила дека има три тешко повредени жени, од кои едната подоцна починала во болница, а другите две се хоспитализирани во критична состојба.

Седум други лица се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, изјави началникот на полицијата Дејвид Смит.

На почеток