Уапсен тинејџерот кој со мачета упадна во гимназија во Загреб


Уапсено е момчето кое со мачета упадна во гимназија во Загреб и се закануваше на еден од учениците.
Од полицијата велат дека се работи за 18-годишник, пренесе „Индекс“.
„Денес, 6 март околу 13 часот и 50 минути во просториите на гимазијата дошло непознато младо момче. Момчето во ходникот пресретнало ученик кој го барал и на кого му се заканил со остар предмет. По заканите, младиот човек побегнал“, велат од полицијата.
Три часа по настанот, момчето било пронајдено и однесено во станица.
Храватските медиуми претходно денес пишуваа дека момчето влегло и во училница во која биле ученици од четврта година во гимазијата, а упатило и закани кон професорка која била во просторијата, но овие информации засега не се потврдени.
Не е познато ниту кои биле мотивите за инцидентот, а неофицијално станува збор за врсничка расправија која ескалирала.
