Актуелно

Српска министерка бара санкции против Русија, пристигна реакцијата на Москва

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова преку Телеграм реагираше на изјавите на српската министерка за економија Рада Баста дека постои можност Србија да воведе санкции кон Русија.

Засега ова е прва отворена изјава за санкции на владин функционер по инвазијата на Украина и отстапување од официјалниот став на Белград.

„Србија веќе плаќа висока цена што не воведува санкции против Русија и тоа станува неодржливо“, најави министерката.

Портпаролката на руското Министерство додаде дека Русија, за разлика од САД, отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ.

Очигледно е дека со воведувањето санкции против Русија, притисокот на САД врз Србија нема да исчезне, туку само ќе се зголеми“, напиша Захарова,пренесе Индекс.хр.

На почеток