Свет

Маж дрогирал 13-годишна девојка во Австрија а потоа ја силувал во тоалет

Уапсен е мажот кој минатата недела користел дрога во кафуле во Австрија, а потоа силувал 13 годишна девојка во тоалетот, соопшти локалната полиција.

Одлуката за притвор ќе биде донесена денеска, пренесуваат медиумите.

Тринаесетгодишно девојче беше силувано минатиот викенд во тоалет на ноќен клуб во Винер Нојштад.

Според обвинителот, во случајот постои силно сомнение дека сторителот претходно мешал супстанци како нокаут капки во пијалокот на жртвата.

Брзиот наркотест направен врз жртвата бил позитивен.

Човекот чинот на силување го снимил во тоалетот и преку социјалните мрежи го испратил до голем број луѓе.

На почеток