Актуелно

Мицкоски: Сигурен сум дека тоа момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на социјалните мрежи со коментар дека е сработа премиерот Димитар Ковачевски да го користи името на неговиот внук во јавни настапи за политички цели. На прашањето дали ќе му учини на барањето за предвремени парламентарни избори на Мицкоски, Ковачевски рече дека очекува од неговиот внук „повеќе да работи, а не да бара плејстејшн“.

– Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи. Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија, искоментира Мицкоски.

Според претседателот на најголемата опозициска партија, раководителите на СДСМ и ДУИ секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци.

– Моја лична порака до Димитар Ковачевски: Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!, порача Мицкоски.

На почеток