Шолц: Треба да бидеме подготвени за продолжена војна во Украина
Од
Објавено на
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува наскоро да заврши војната во Украина.
Тој за германскиот деловен дневен весник потврди дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно со пари и оружје.
„ Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако би бил пожелен претходен крај“, рече Шолц.
Тој додаде дека апсолутно е клучно Кина да не ѝ дава оружје на Русија.