Свет

14-годишно момче со прекар Ел Чапито уби осум членови на едно семејство во Мексико

Во Мексико е уапсено 14-годишно момче со прекар Ел Чапито, осомничено за убиство на осум лица во Мексико Сити, соопшти мексиканскиот сојузен оддел за јавна безбедност. Момчето кое е дел од нарко банда, убиствата ги извршило во јануари.

Се сомневаат дека момчето со мотор дошло во Чималхуакан, сиромашно предградие на Мексико Сити, каде убил осум членови на едно семејство. Во врска со тие убиства, покрај 14-годишникот, уапсен е и еден маж.

Седум членови на бандата во која припаѓало момчето се уапсени под обвинение дека продавале дрога.

Семејството во кое пукало момчето одржувало роденденска забава дома за време на нападот. Освен што убил осум лица, момчето повредило и седум лица, меѓу кои и две деца.

Името на момчето не е објавено, но неговиот прекар, Ел Чапито, е поврзување со прекарот на затворениот нарко бос Хоакин Гузман, Ел Чапо.

Мотивот за убиствата не е објавен. Нарко бандите во Мексико често се занимаваат со киднапирања и нарачани убиства, но убиваат и ривали кои продаваат дрога на нивна територија.

На почеток