Свет

Русија склучи договор со Индија за ракетниот систем

Русија и Индија денес потпишаа договор за испорака на руски ракетен систем S-400.

Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди денес потпишаа договор во Њу Делхи, а на состанокот разговарале за нуклеарната енергија, истражување на свемирот и економијата.

Потпаролот Дмитриј Песков потврдно одговори на прашањето дали договорот е постигнат, пренесува Тас с.

Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека договорот ќе биде вреден повеќе од 5 милијарди долари.

Руската агенција известува дека Ушаков за медиумите дал изјава дека резултатот од договорот ќе биде Индија добие модерен систем за воздушна одбрана, кој ќе ги надмине оние на другите земји.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток