Кинескиот политичар Менг Хонгвеј кој моментално е претседател на Интерпол, е исчезнат, пренесуваат странските медиуми.
Случајот во полиција бил пријавен од страна на неговата сопруга, а француската полиција веднаш започнала истрага. На Менг трагот му се губи кон крајот на септември, и оттогаш никој нема стапено во контакт со него.
„Започната е истрага поради исчезнувањето на претседателот на Интерпол. Откако ја напуштил Франција кон крајот на септември и се упатил кон Кина, никој нема слушнато ништо за него“, пренесува Европа 1.
Како што пренесува агенцијата, портпаролката на Интерпол не била достапна за коментар.
Менг Хонгвеј на претседателската функција е од 10 ноември 2016 година. Пред тоа тој работел како кинески политичар, а исто така бил и заменик министер за јавна безбедност во државата.
