Свет

Земјотрес во Јапонија, граѓаните предупредени на свлечишта и тајфун

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија.

Земјотресот се случи во 9 часот по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо и длабочина од околу 30 метри.

Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во областа, нема повредени, додека во градот Сапоро повредена е 30-годишна жена, врз која паднала полица.

Засега нема опасност од цунами.

Серија земјотреси го погодиja островот пред еден месец, кога настрадаа 41 лице, а беа оштетени 10 000 згради. Оттогаш илјадници жители сè уште се наоѓаат во прифатните центри.

Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени во следните недели на можност за нови земјотреси, како и да се подготват за обилни дождови и лизгање на земјиштето поради тајфунот што би требало да го погоди островот в недела.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток