Актуелно

(ВИДЕО) Студенти повредени во пукање пред училиште во Тексас

Двајца ученици се повредени, од кои еден потешко, во пукање пред средно училиште во Далас утринава. Полицијата уапсила лице кое го поврзуваат со нападот.

Пукањето започна во кампусот на средното училиште Ламар, во предградието Арлингтон, околу 6:55 часот, пред многу студенти да се вратат на часови по пролетниот распуст.

Еден ученик е повреден во самото пукање, а другиот од „шрапнел од пукањето“. Двајцата се пренесени во болница, изјави портпаролката на училиштето Анита Фостер.

Ен-Би-Си Далас-Форт Ворт објави дека еден од повредените студенти е во критична состојба, а другиот има полесни повреди.

Полицијата во Арлингтон соопшти дека осомничениот напаѓач не влегол во училиштето и бил уапсен набргу откако полицајците пристигнале на местото на настанот.

Полицијата не соопштува никакви информации за лицето кое е приведено, освен дека е малолетник и е однесен во малолетнички притвор.

На почеток