Министерството за финансии имало потреба од Виша медицинска сестра, дефектолог, педагог. Платата во зависност од работното место се движи од 8588 денари до 25. 023 денари.
„Конкретното работно место е предвидено за детската градинка во рамки на министерството. Градинката е формирана согласно „Законот за заштита на децата“ , работните места се регулирани и во Законот и во „Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност на установите за деца“. Во истиот е наведена потребата од ангажирање на медицинско лице, како стручен соработник во градинките. Во правилникот е наведено дека за градинките со мал капацитет овие соработници е предвидено да работат со половина работно време, односно 20 часа неделно, како што е предвидено во огласот.“се вели во допсиот од финансии.
Од таму посочуваат дека и дефектологот и педагогог се за потребите на градинката.
На истиот оглас се бараат и советници, помлади соработници и други профили. Според огласот на министерството ќе работат на определено време за период од пет години.
Инаку огласи за вработувања во моментов има во повеќе државни институции. Меѓу нив се Царинската управа, ДИК, УХМР, Министертво за правда за надворешни, Државен архив, агенција за вработување.