Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.
Специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал“ рангирањето го врши според збирните податоци од мерните станици.
Мерните станици во Скопје измерија ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во скопски Ѓорче Петров синоќа во 23 часот омаше 641 mg/m3, тоа е 12 пати над дозволеното.
Во скопско Црниче имаше 454 микрограм на метар кубен, во Центар 412, а во Карпош 700.