Свет

Западноевропските земји не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ, вели Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека земјите од Западна Европа не се искрени кога зборуваат за проширување на ЕУ.

Сијарто во интервју за РТРС изјави дека овие земји секогаш јавно кажуваат дека сакаат земјите од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ, но дека има земји членки кои го забавуваат напредокот на одредени земји на нивниот пат кон ЕУ.

„Кога сме зад затворени врати, 27-те земји членки, тогаш тие зборуваат многу против проширувањето. Тие се загрижени, многу работи се вештачки и не се подготвени да одат кон проширување. Затоа мислам дека е многу важно да се разбере дека има земји кои го забавуваат процесот на проширување.Никогаш нема да го кажат тоа отворено,но ако ги погледнете нивните постапки постојано се загрижени,не се согласуваат со комисиите. Значи успоруваат процесот.Ги повикуваме да не го прават тоа“, изјави шефот на унгарската дипломатија.

Зборувајќи за санкциите на ЕУ против Русија поради конфликтот во Украина, Сијарто рече дека санкциите нанесоа поголема штета на европската економија отколку на руската економија.

Сијарто рече дека политиката на санкции не е добар пат и дека позицијата на Унгарија по ова прашање е многу јасна, додавајќи дека неговата земја секогаш се залага за мир,пренесе Танјуг.

На почеток