Таче пак ќе пазарувал во маркети, пред да се слика како тинејџер нека намине во Битола на протестот за Јана, вели Јоци
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, денес ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе.
Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача наместо да шета по маркети, да отиде на плоштадот во Битола каде ќе се одржи протест за правда за починатата Јана.
„Премиерот викан Таче утре пак ќе пазарувал во маркети Или се слика со Агелер или м’кне кеси со леб и млеко, како да се сите малоумни во земјава.
Пред да се слика како тинејџер со главата во облаци и цела земја да му се смее на инфантилноста, нека намине на плоштадот Магнолија во Битола на протест за правда за прерано починатата, 6-годишна Јана.
Нека се качи и во бус со камери да ги праша истоштените, изморени и разочарани 300.000 пензионери, како плаќаат сметки, што јадат и колку луѓе по дома издржуваат.
Нека ги праша дали и кој ќе гласа утре за СДСМ, ако претходно не му се плукнат на партијата која измами 400.000 луѓе кои веруваа дека ќе донесат подобар живот, а не дека ќе ја парталосат цела Македонија.
Нека помине и кај луѓето кои уште чекаат лек Трикафта, во Детска клиника, на Онкологија, да види колку е животот минлив и можеби ќе сфати колку е небитен и мал под македонсково небо со милион проблеми, просто како маково зрнце.
И конечно може да се прости уште утре од функцијата, затоа што толку е безличен и неупотреблив, да само и` го губи времето на Македонија и на сите нас.
Ниту нешто направи за земјава, ниту некој ќе го памети дека постоел.
Ако уште е лидер на СДСМ следната изборна година, веројатно ќе го паметат сите како ,,оној Таче кој го погреба СДСМ”“, вели Јоци.