Свет

„Беше фино и мирно девојче“ – трансродовото лице што изврши масакр во Нешвил оставило манифест


Трансродовата жена, Одри Елизабет Хејл, уби три деца и тројца возрасни кога упадна во приватно христијанско училиште во понеделникот утрото.

dobivaj vesti na viber

Лицето што упадна во приватно христијанско училиште во Нешвил во понеделникот наутро, убивајќи три деца и тројца возрасни, е идентификувано како тивка 28-годишна поранешна ученичка по уметност, која некогаш одела во училиштето.

Полицискиот оддел во Нешвил ја идентификува осомничената како Одри Елизабет Хејл, која беше застрелана и убиена од полицајци само 14 минути откако училиштето „Ковенант“ повика полиција да пријави активен пукач. Извор близок до семејството Хејл за „Дејли бист“ во понеделникот вечерта изјави дека Хејл е високофункционална аутистична личност.

„Релативно неодамна таа објави дека е трансродова идентификувајќи се како тој/него“, рекол изворот барајќи да остане анонимен за да избегне понатамошни семејни расправии.

Осомничениот пукал со огнено оружје преку заклучениот страничен влез во училиштето, соопшти полицијата.

Додека полицијата првично го опиша осомничениот како 28-годишна бела жена, профилот на LinkedIn, за кој извор за „Дејли бист“ потврди дека ѝ припаѓа на Одри, вели дека таа користи машки заменки.

Началникот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк, на прес-конференција изјави дека Хејл е трансродова.

При претресот на домот на осомничениот се пронајдени „нацртани мапи на училиштето, со детали за надзорот, влезните точки и слично“, рече Дрејк, како и манифест и некои списи во врска со овој датум, вистинскиот инцидент, како ќе се одвива сето ова.

Внатре во автомобилот што Хејл го возела и паркирала во училишниот кампус во петокот утрото полицајците пронашле дополнителен материјал напишан од Хејл, објави полицијата.

Дрејк рече дека иследниците имаат работна теорија за можниот мотив, но дека не е потврдена. „Ковенант“ беше единственото училиште што беше цел, според Дрејк.

Хејл била вооружена со пушка и пиштоли – и го користела оружјето за да пука низ заклучениот страничен влез во училиштето, рече Дрејк. Двата пиштола се „добиени легално, локално овде“, рече тој.

Мајката на Одри, Норма Форт Хејл, изјави за „Еј-би-си њуз“ дека ѝ е тешко.

„Сега ни е многу тешко, бараме приватност. Навистина не можам да зборувам во моментот, мислам дека денес ја изгубив ќерка ми“, изјавила таа.

Профилот на LinkedIn вели дека Хејл почнала хонорарен бизнис со илустрација и графички дизајн минатата година откако присуствувала на Факултетот за уметност на Колеџот Носи во Медисон, Тенеси. Хејл во „Носи“ ја освои наградата во 2015 година, според веб-страницата на училиштето.

Неколку часа по пукањето, полицијата изврши претрес во куќа на само пет километри од училиштето. Сосетката Сенди Дурам, која е и семејна пријателка на Хејлс, рече дека се познавала со Одри уште од мала.

„Ја познавам Одри, ја познавам од бебе. Само што излегов од тушот кога сето ова почна да се случува. Не знаев ништо повеќе од тоа. Нешто се случуваше во соседството. Тоа е трагично за сите. Слатки деца, кои беа повредени, убиени, пораснати“, изјави таа за „Дејли бист“.

Прашана дали имало знаци на предупредување за Одри Хејл, сосетката рече: „Никогаш. Беше многу слатка. Не знам што се случи. Многу е страшно“.

Соседот Шон рече дека Хејл била „нормална, фина личност“.

„Можеби малку тивка“, рече тој.

На почеток