Свет

Потресни сцени од Мексико: десетици мигранти загинаа во пожар, повредените се носат на носилки


Владата на мексиканската држава Чивава денеска соопшти дека 37 мигранти загинале во пожар во Националниот миграциски центар на Мексико во Сиудад Хуарез, во близина на границата со САД.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека пожарот настанал откако властите собрале околу 70 мигранти кои се наоѓале на улиците на градот, јави Си-Ен-Ен.

Спасувачите волонтери за Ројтерс изјавија дека има многу повредени мигранти кои се носат на носилки.

На почеток