Актуелно

Бојкот на Чкембари, сезонава повеќе нема да го бодрат Еурофарм Пелистер

Навивачката група Чкембари одлучи до крајот на сезоната да ги бојкотира натпреварите на нивниот тим Еурофарм Пелистер. Чкембари лути на управата на Е. Пелистер денеска се огласија со ново соопштение во кое објавија дека ракометарите нема да ја имаат нивната поддршка од трибините до крајот од сезоната.

Навивачите ѝ се лути на управата која вчера, 24 часа по поразот од Вардар во големото дерби кое помина во знакот на инцидентите, се огради од дел од хулиганите и што не застана во одбрана на Чкембарите.

Соопштението на Чкембари ви го пренесуваме во целост:

Почитувана управа и сопственици на РК Еурофарм ПЕЛИСТЕР.
Брендот Пелистер доаѓа во пакет со Чкембари, а пакетот содржи сè она што е добро и лошо. Пелистер на насловни страни се појавувал поради Чкембари, многу пати повеќе од кој било играч кој му донел радост на клубот. По секој натпревар во Битола, странците ја величат атмосферата во салата, ви делат комплименти за неа, Пелистер надалеку е познат баш поради таа специфика која многу малку ракометни клубови ја имаат во Европа.

Пред да нè осудевте 40/50 пијани или нешто друго будали, требаше да не контактирате нас, да прашате дечки што се случи. Не, вие за нас завчера бевте недостапни, нејсе, не ви се налутивме, иако 22-ца браќа оставивме на милост и немилост во Скопје без можност да им помогнеме бидејќи бевме 2 часа по завршеток на натпреварот буквално тормозени од специјалните единици. Драга управо, завчера од истото место третпат можеби и од истите луѓе бевме нападнати. Кога би го имале тоа малку во вас што ние го имаме во нас за овој клуб, но и против завчерашниот ривал, во ниеден момент не би се посомневале во реакцијата која ја видовте завчера.

Да, имаше реакција од нас, можеби и прекумерена, но тоа не би требало да ви даде за право да се оградите од тие кои секој ден врват часови размислувајќи и фантазирајќи за клубот кој го водите. За информација, комити 50-тина слегоа на теренот, нè нападнаа нас со фрлање шишиња, ви украдоа дел од клупската опрема, но ни Вардар се огради од нив, ни пак имаа некој уапсен. Епилогот од завчера е 22-ца уапсени Чкембари и ниеден комита. Господо, резултатските неуспеси не ни ги префрлајте нам. Завчера бевме ние да дадеме елан, да дадеме снага, да засилиме адреналин кај нашите играчи, а добивме побледени аматери. Чкембари не ве чинат годишно ни 1/5 од една месечна плата на скапо платените ѕвезди кои имаат придонес во клубот рамен на нула. Ние постоиме за вас, а Пелистер сè уште е клуб поради нас. Едно сме, вакви грешки во иднина не смеат да се повторат!
ОВАА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ЗА ЧКЕМБАРИ Е ЗАВРШЕНА“, стои во соопштението на Чкембари.

На почеток