Актуелно

Русковска трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место: Сакаа да ме фатат на пенал

Eкс шефицата на Обвинителството за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, вечерва во интервју за „Телма“ зборуваше за најистакнатите случаи кои ги поведе ова обвинителство, а откри и информации кои досега не беа познати во јавноста.

Русковска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот владин генерален секретар, Драги Рашковски.

На почеток