Турската болница прифати на лекување на младиот Никола: Со првата терапија почнува на 24 април!


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави информации за состојбата со младиот Никола, кој замина на лекување во Турција.
„Во телефонски разговор попладнево младиот Никола нѐ информираше дека болницата во Турција ја превзема обврската за неговото лекување и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 Април. Првиот чекор е направен и враќање назад нема!“, напиша Стефковски.
Во меѓувреме, тој најави голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото „Подај рака за Никола“ на кој покровител е токму тој.
„Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста! Заедно со Никола ќе победиме!“ напиша Стефковски.
