Македонија

Зеќири оздраве по 90 дена – судењето му се врати од почеток, тој и натаму тврди дека е невин

По скоро четири месеци одлагања на судењата поради отсуство на обвинетиот Мухамед Зеќири, тој дојде во судницата во Кривичен суд, а судењето почна одново. Првата причина е поради истекот на 90 дена од последното одржано рочиште кое се одржа на 15 декември минатата година, а втората е поради промена на член на судечкиот совет.

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска побара доказите да не се изведуваат туку да се прочитаат со цел да не се одолговлекува постапката, обвинетиот се согласи. Набрзо потоа, по вторпат му беше побарано да се произнесе дали чувствува вина, на што кажа: „Не сум виновен“.

На рочиштето се испитуваше бугарски државјанин кој во Македонија имал свои фирми, а се поврзува со спорната јавна набавка направена од Зеќири за ангажирање на компанија за консултантски услуги. Потоа, се испита и вештакот предложен од обвинителката Катерина Коларевиќ.

На почеток