Адријана Лима никогаш поискрена: „Секој ден е нова борба“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/04/Screenshot-2023-04-14-080359-1.png)
Познатата бразилска манекенка Адриана Лима во неодамнешното интервју за магазинот „People“ зборуваше за својата борба со вишокот килограми по породувањето и откри дека секој ден за неа е нова борба.
Да потсетиме, по петгодишна пауза од манекенската кариера, Адријана Лима се враќа на големото платно. Таа ја обнови соработката со познатиот бренд на женска долна облека Victoria’s Secret, па затоа повторно стана нивно заштитно лице.
Сепак, не изостанаа бројните критики и навреди од пошироката јавност во врска со нејзиното дебелеење по враќањето, а сега убавата бразилска манекенка реши да ја прокоментира својата ситуација.
Манекенката се породила во август, кога добила син, а вели дека поради бавното слабеење секојдневно се потсетува да го прифати своето ново тело.
„Сега тоа е преодно тело, бидејќи родив бебе. Значи, штотуку создадовте живот. Тоа е голем благослов. Секое тело има различна реакција за време на бременоста и по бременоста“, објасни таа и додаде:
„Значи, мора постојано да вежбате прифаќање промени, а јас се борам секој ден“, признала таа.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)