Доктор Лазаров за покачувањето на платите на функционерите: Голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти!
Од
Објавено на
Доктор Ненад Лазаров, објасни зошто покачувањето на платите на функционерите е погубно за македонското здравство.
„12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија.
Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко.
Затоа ќе нема здравство“, вели Лазаров.