Свет

Прогласена тридневна жалост во Србија по масакрот

Прогласена тридневна жалост во Србија по масакрот


Србија прогласи тридневна жалост по масакрот во училиштето во Белград, при што загинаа девет ученици и чуварот во училиштето.
„Нема начин да се вратат. Едно девојче е во критична состојба, сè што можеше да се направи е направено, сè уште се бориме за нејзиниот живот. Ни останува на децата само да им посакаме брзо закрепнување“, рече министерот за образование, Бранко Ружиќ.
На прес-конференцијата министерот повика на едноминутно молчење да им се оддаде почит на сите загинати во трагичниот настан.
„Во име на Министерството за образование изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ги снајде Србија и нашиот образовен систем. Во трагедијата што се случи во основното училиште ‘Владислав Рибникар’, животот го загубија осум деца, како и припадник на обезбедувањето на училиштето, а повредените се хоспитализирани. Никој не може да им ги врати децата на родителите, настанот се случил околу 8 часот кога ученик од седмо одделение од ова училиште првпат во Србија го извршил овој чин. Благодарен сум им на нашите здравствени работници и го молиме Господ да им помогне на сите што се хоспитализирани и имаат потреба од лекарска помош“, рече министерот.
Како што додаде, хоспитализирани се шест деца и еден наставник.
Напаѓачот од Белград направил список на жртви, убиствата ги планирал еден месец

На почеток