Свет

Млад и неосудуван, но пријавуван за насилство – објавени фотографии од сторителот на новиот масакр кај Младеновац

Млад и неосудуван, но пријавуван за насилство – објавени фотографии од сторителот на новиот масакр кај Младеновац


Уште една трагедија ја погоди Србија доцна вечерта во четвртокот. Младиот Урош Б. од својот „мерцедес“ дивеел во селата кај Младеновац, на 40-ина километри од Белград и по случаен избор пукал во 18 лица, од кои најмалку осум го загубиле животот.

Медиумите во соседството јавија дека убил полицаец (21) и неговата помлада сестра, а „Вечерње новости“ пренесува дека мештаните им рекле оти не бил во кавга со нив.

Соседите велат дека се работи за млад човек, кој бил малку чуден, но дека никој не обрнал особено внимание на тоа. Велат и дека сакал да се шегува со сите и дека никој не можел да претпостави таква трагедија.
„Никогаш лоши зборови“, велат неговите соселани, кои со неверување се чудат што им се случило.

На почеток