Свет

Вучиќ бара да се воведе смртна казна

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово од Претседателството на Србија заедно со членовите на Владата на Србија зборуваше за страшните злосторства што ја тресат Србија во последните три дена.

Toj истакна дека побарал да се врати смртната казна, но премиерот и Владата го одбиле, велејќи дека покрај Белорусија, Србија ќе биде единствената таква земја во Европа.

Покрај смртната казна, претседателот меѓу другото побарал и нови мерки:

    • 1.200 нови полицајци ќе бидат распоредени во училиштата
    • поголема безбедност во училиштата
    • одземање на оружјето
    • огромни казни
    • драконски мерки

Претседателот му нареди на МУП сите лица кои поседуваат нелегално оружје да го предадат во текот на следниот месец или ќе следуваат брутални санкции.

На почеток