Свет

Во Србија не се мирува: Нови закани дека ќе има нов масакр

Уапсено цело семејство кај кое се криел убиецот од Младеновац

Припадници на МВР во Сремска Митровица го приведоа А.С.(22) од подрачјето на градот, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста, објави „Телеграф.рс“.

Тој е обвинет дека на социјална мрежа објавил порака дека следното пукање ќе биде во Сремска Митровица.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Сремска Митровица, се вели во соопштението на Полициската управа од Сремска Митровица.

На почеток