Во текот на изминатите денови (18, 19 и 20.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди од кои 16 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 18 со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди 34 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 114 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 57 возачи од кои: 12 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 10 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи поради неносење пропишана зимска опрема, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 115 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.