За пет отсто повисока плата ќе добива администрацијата во Град Скопје од септември. Со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов која треба да ја усвои Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи в среда, се предвидува зголемување на вредноста на бодот за пресметување на плати на државните службеници од 77,24 денари на 81.10 денари. Тоа значи дека платата ќе се зголеми за 5 тсто.
Шилегов неколкупати откако е дојден на градоначалничката функција изјавуваше дека не е задоволен од работата на административците. На прес-конференција на 14 септември лани кажа дека ќе воведе внатрешна контрола оти голем број предмети со месеци стојат во фиоки несработени. На седницата на Советот на 30 октомври од говорницата изјави дека инспекторите ќе се опремат со ГПС уреди оти не се знаело каде се во текот на работното време, дали седат по кафулиња низ Дебар Маало или си бркале приватни работи.
Во образложението на градоначалникот Шилегов се вели дека одлуката се носи со цел таа да се усогласи со онаа на Владата за зголемување на платите за 5 отсто на административците.