20 пријави до МОН за врсничко насилство
Од
Објавено на
Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство.
Министерот за образование, Јетон Шаќири изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори. Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите [email protected] и [email protected].
По масакрот во Белград, каде ученик уби 9 луѓе и повреди 7, македонските власти преземаат мерки.