Македонија

Доделувањето на државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание, вели Шехтански

Проблемот со Бугарија не е наивен, вели Ванчо Шехтански од ТМРО за студио 10 на тв 24.

Вели дека доделувањето на бугарско државјанство на Христијан Пендиков е за привлекување на внимание. Потенцираше дека со затворањето на Преспанскиот договор сме отвориле ново прашање со Бугарија.

„Македонската држава се грижи за македонскиот народ во соседните држави и со бришењето на членот 49 во 1995 се бришат Македонците. Тоа е проблемот што се прават спинови. Времената спогодба со Грција е по 1997 што ја потпиша Крсте Црвенковски. Проблемот со македонскиот устав е од 1971 и Македонија не е конституирана како матична држава на македонскиот народ. Сега секој може да бара да влезе во Уставот“, рече Шехтански.

Тој вели дека Македонија треба да бара реципроцитет со соседните земји.

На почеток