Македонија

ДУИ и СДС го претворија во Судски совет во „Стрини на чешма“ заради нивните партиски и бизнис интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ

Правосудството во Македонија со власта на ДУИ и СДС го допре дното. Довербата на граѓаните во правосудните органи е сведено на статистичка грешка од само 3 до 4%. Тоа е резултат на партизирањето и силувањето на судските органи кое го прави оваа власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Да потсетиме дека за половина година се сменија три претседатели на Судскиот совет, институцијата која одлучува за тоа кој судија ќе биде именуван, унапреден или разрешен. Сето тоа помина со скандали, прекршување на норми и обвинувања за политички, бизнис и слични интереси. Сега како капак на се, се забрани присуство на камери на состаноците на Судскиот совет што уште повеќе го нарушува угледот и кредибилитетот на оваа институција. Ваквиот потег за забрана на снимања на седниците на Судскиот совет има за цел да прикријат пазарите со правото и правдата кој што се случуваат. Судски совет се претвори во “Стрини на чешма”, тело без суштина, без кредибилитет, крајно политизирано и девастирано.

Без здраво судство нема правна држава, а без правна држава нема напредок, туку само корупција и криминал од функционерите. Тоа доволно говори зошто и кој го уништува судството и кој има корист од тоа. Тоа само говори дека дното во судството ќе биде пробиено. Доверба во судството ќе почне да се мери во промили. Ова е системско уништување на судството кое треба да биде коректив во една држава. За тоа мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

На почеток