Актуелно

Намерно исечени и оштетени кабли на „Железнички Мост“ во скопско Нерези

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на „Железнички Мост“ во скопско Нерези на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

Oткако на 11 мај ноќта се запали мостот„Беласица“ кој останува затворен за сообраќај и за пешаци во недогледно време, од Град Скопје иставаат простор за можна намерна саботажа и го повика МВР да го пронајде сторителот.

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки. Апелираме до сите институции да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување“, соопштија од Град Скопје.

На почеток