Свет

Шолц вели дека Бајден му е подраг од Трамп: „Сакам тој повторно да биде избран за претседател“

Шолц вели дека Бајден му е подраг од Трамп: „Сакам тој повторно да биде избран за претседател“


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека го претпочита актуелниот американски претседател Џозеф Бајден отколку неговиот претходник Доналд Трамп и дека сака тој да биде реизбран за втор мандат.

Одговарајќи на прашање на ученик за време на посетата на основно училиште во близина на Берлин, Шолц рече: „Мислам дека сегашниот претседател е подобар, па сакам тој да биде реизбран“, пренесува Ројтерс.

Според последните анкети, Бајден има предност пред потенцијалните републикански противници Доналд Трамп и Рон ДеСантис на претседателските избори во САД во 2024 година.

На почеток