Поради големите концентрации на ПМ10 честичките во главниот град за време на викендот, беа преземени привремени мерки со цел нивно намалување.
Една од мерките беше и бесплатен јавен превоз во текот на овие денови. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека апаратите за картички во дел од автобусите на ЈСП се вклучени и работат. Патниците се револтирани и коментираат дека е неодговорно надлежните вака да си играат со нив. Прашуваат кој ќе им ги надомести искуцаните возења. Тие велат дека во дел од автобусите работат апаратите, а во дел од нив не, па не знаат дали се уште важат мерките за бесплатен превоз.
“Ве известуваме дека и денес 21.01.2019 година, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. За прекин на важност на одлуката ќе бидете навремено известени”, стои на веб страната на ЈСП.