Коментари

Ангелов до Гаревски: Доколку не сте сигурен дека мостот е безбеден, не ги охрабрувајте граѓаните да поминуваат по него

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, се обрати до Михаил Гаревски, кој тврдеше дека мостот Беласица, со извесни санации, може да биде безбеден за сообраќај.

„Почитуван професоре Гаревски,
Градот Скопје, од кој сте ангажирани да ја процените штетата на опожарениот мост Беласица, веднаш после пожарот изрече забрана за движење на возила и пешаци по овој мост. Се додека забраната не биде тргната по мостот не смеат да се движат ниту возила, ниту пешаци.

Доколку вие, како неспорно стручно лице од оваа област, врз основа на вашите досегашни испитувања на штетата на мостот сметате дека мостот е безбеден за пешаци, молам, во согласност со пропишаните процедури, веднаш известете го градот Скопје да ја тргне изречената забрана и со тоа да им се олесни животот на граѓаните кои го користат овој мост.

Доколку не сте сигурни дека мостот е безбеден, молам не ги охрабрувајте граѓаните да минуваат по него, како што ни пренесува новинарот на Макфакс“, напиша Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.

На почеток