Актуелно

ДУИ И СДС во договорот за коридорите, вметнале најмалку 5 специјалисти за надзор, кои ќе земаат месечна плата од 36.500 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Во договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој беше доставен до ВМРО-ДПМНЕ од свиркачи, стои дека изведувачот има право да ангажира специјалисти, чии што број ќе биде договорен, кои што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите. Значи ова се најмалку четири спецификации што значи дека еден координатор и четири специјалисти, најмалку пет вакви лица би имало ангажирано, иако бројот е недефиниран, што значи дека може на пример да се и 50 лица, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Внимавајте, месечната плата за овие специјалисти ќе биде ни помалку, ни повеќе 36.500 евра. Доколку еден човек се ангажира за 5 години колку што владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би земал 2 милиони и 190 илјади евра. А ако се ангажираат најмалку 5 лица, колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би земале цели 11 милиони евра. Овие 11 милиони евра, се надвор од веќе договорените 1 милијарда и 300 илјади евра.

Криминалците од власта и преку оваа ставка од договорот, планираат да украдат уште повеќе пари од граѓаните, бидејќи кај се видело специјалист за надзор да зема месечна плата од 36.500 евра. Врвни светски инженери не земаат волкава месечна плата, а камоли специјалисти за надзор.

Одговорност за овие криминали на власта ќе има, во тоа да бидат сигурни“, се вели во соопштението.

На почеток