Седумгодишно дете ја запалило семејната куќа, поради што сега е во притвор и се соочува со обвинение за подметнување пожар од прв степен.
Според медиумите, родителите спиеле кога се запалила куќата, а во пожарот две лица се здобиле со полесни изгореници, пишува CBS News.
Пожарникарите и полицијата ја добиле пријавата нешто по 11 часот во средата. Шерифот на округот Џексон, во Минесота, округот каде што се случил пожарот, изјавил дека во овој момент „нема да бидат објавени дополнителни информации во врска со истрагата поради чувствителната природа на случајот“.