Актуелно

Жељко Митровиќ: По препорака на Вучиќ за десет дена ќе го укинам реалното шоу „Задруга“

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ на својот Инстаграм профил напиша дека најдоцна за 10 дена го откажува реалното шоу „Задруга“.

– По препорака на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, донесов одлука во најкраток можен рок, не подолг од десет дена, да го укинам реалното шоу „Задруга“. Верувам дека единството на Србија и проценката на претседателот Вучиќ се поважни од секој вид на интерес на Пинк и мојот личен интерес – соопшти Митровиќ на својот Инстаграм профил.

На почеток