Родителите на ученици во средно училиште во Хрватска се пожалиле на класниот раководител на однесувањето на наставничката, за кое тврдат дека е многу непрофесионално. Тврдат дека таа на децата детално им раскажала што и се случило по употребата на дрогата екстази.
„Згрозени сме од нејзиното однесување и третман на децата уште пред инцидентот со дрогата. Се однесува ужасно вулгарно, им кажува на децата дека се „ретардирани“. Не е во мој интерес некој да добие отказ, но таа се однесува ужасно непрофесионално и дава лош пример за децата“, велат за 24satah.r родители на деца кои посетуваат средно училиште во централна Хрватска.
Во средината на февруари наставничката во ресторан конзумирала дрогата екстази, а потоа пристигнала брза помош. Тој случај завршил во медиумите откако полицијата уапсила 31-годишен маж под сомнение дека и дозволил на наставничката да ја конзумира дрогата екстази. Мажот потоа доброволно и предал на полицијата една таблета МДМА.
„По тој инцидент таа замина на боледување еден месец, а кога се врати на децата им го раскажа своето искуство на час. Им раскажала како ги тепала техничарите, како гребела сè, како полицијата ја однела од болница, се јасно и детално објаснила. На некои деца дури им беше интересно, па рекоа дека би сакале сами да пробаат“, велат родителите кои се пожалиле на класниот раководител.
Директорот на училиштето рекол дека за случајот „слушнал гласини во ходниците“.
„Имам одредени информации за тоа, но сето тоа е неофицијално, никој не ме контактирал. Искрено, очекував некој да ме контактира, но ништо. Во училиштето имаме и Ученички совет каде што можат да ги изнесат децата сите свои проблеми и предлози. Инаку, имаме многу добра соработка и никој не се пожали на однесувањето на професорката“, вели директорот и посочува дека многу колеги, меѓу кои и некои родители, дошле кога таа била на боледување да прашаат кога ќе се врати.
„Би сакала да не им дава таков пример на децата“, заклучува една мајка.
Министерството за образование на Србија до сега не сне се огласило за овој инцидент.