Свет

Се преврте траект во Танзанија, се стравува дека 200 луѓе се удавиле

Траект кој пренесувал стотици луѓе, се преврте во eзерото Викторија, во Танзанија, објави Би-би-си. Според информациите, досега се извлечени 86 тела на удавени луѓе, а се стравува дека бројот на загинати би можел да се искачи и над 200. Спасувачка акција е во тек.

Несреќата се случила меѓу островите Укора и Буголора.

Се претпоставува дека причина за инцидентот било таа што преголемиот броја патници се поместиле на едната страна од траектот. Локалните медиуми пренесуваат дека официјалниот капацитет на траектот е 100 луѓе, а според извештајот, бродот пренесувал повеќе од 400 патници.

Околу 100 луѓе се спасени, а 37 се во критична состојба. Како што пренесува „Ројтерс“, починал и човекот кој ги продал билетите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток