Соединетите Држави снабдувале со оружје терористички групи активни во Сирија, објави руското Министерство за надворешни работи на официјалната веб-страница.
„Двојните стандарди на Вашингтон станаа особено јасни во Сирија. Откако руските воздухопловни сили реагираа на барањето на легитимната влада (од Сирија) и се приклучија во борбата против тероризмот во таа земја уништена од долгогодишната војна, САД направија максимални напори за заштита на жедните за крв“, се наведува во соопштението, а пренесува агенцијата „Тасс“.
Во соопштението се додава дека таканаречените сили на умерената опозиција биле користени како човечки штитови за заштита на екстремистите, вклучувајќи ги и припадниците на терористичката група Џабхат ал-Нусра и покрај тоа што таа е огранок на Ал Каеда, одговорна за смртта на 3 000 Американци на 11 септември 2001.
„Во исто време, САД ги снабдуваа овие групи со оружје, муниција и воена опрема“, стои во соопштението.