Македонија

10 дена пред крај на учебната година учениците добија учебник по македонски јазик

Дел од учениците од петто одделение пред два дена ги добија учебниците по македонски јазик за учебната 2022/23, иако до крајот на годината има уште 10 дена.

Македонската јавност го критикуваше Министерството за образование, а одговорност од надлежните побараа и од „Учебници и настава мора да има“.

-Да се добие учебник пред самиот крај на учебната година е навистина жално и противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали, каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да сги пријават своите дела и кога тој ќе се печати“, кажа Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“, за „Алфа.мк“.

На почеток