Американскиот претседател Џо Бајден повторно падна. Тој се сопна и падна откако ја врачи последната диплома на церемонијата на дипломирање на американската академија на воздухопловните сили.
Три лица му помогнаа да стане на 80-годишниот Бајден. Во моментот кога станува, Бајден покажува нешто зад себе, веројатно од што се сопнал.
Директорот за комуникации на Белата куќа на Твитер потврди дека Бајден е добро. „На сцената имаше вреќа со песок“, објасни ЛаБолт.
Не е првпат да падне претседателот на САД. Минатата година падна од велосипедот додека се обидуваше да се симне од него. Исто така, се сопна и во февруари оваа година додека се качуваше по скалите на авионот на заминување од Варшава.
