Меџити денеска ќе ги објави причините за смената на доктор Јовев
Од
Објавено на
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторот Сашко Јовев.
Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.
„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.
Докторот Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.