Македонија

Денеска Ковачевски на средба со Мицкоски

Денеска, 07.06.2023 година (среда) во 11:00 часот во Клуб на пратеници, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

To Top