Ердоган неколку месеци живеел во Тетово кај албанско семејство

Од
Објавено на

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одреден период живеел во Тетово, јави еуроњуз Албанија (euronews Albania).
Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.
„Тој по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската“, тврди Калеци.
Ердоган тогаш добил 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци.
Неодамна Ердоган е реизбран за претседател на Турција.
