Актуелно

Д-р Лазаров до Меџити: Најдобронамерно, повлечи ја одлуката со време и смали штета, не си у право

И д-р Ненад Лазаров во неколку наврати денесека реагира на разрешувањето на професорот Сашко Јовев од директорската позиција на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој, како што вели во неговата објава на Фејсбук, најдобронамерно му порача на министерот за здравство, Фатмир Меџити да ја повлече одлуката и да ја намали штетата.

-Не се брани неодбранливо, очигледно е дека се работи за еготрип.

Министер, најдобронамерно, повлечи ја одлуката со време и смали штета, не си у право, људски е да згрешиш уште повеќе е људски да се поправиш, напиша д-р Лазаров во една од објавите.

На почеток