Актуелно

За првпат идејата за внесување на Бугарите во Уставот ја слушнав од висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека за првпат идејата за внесување на Бугарите во Уставот тој ја слушнал од висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ и „така е родена таа идеја за решавање на односите со Бугарија“. Тој не кажа за кого точно станува збор.

„Но, сега опозицијата користи пропаганда и конспирација и лажни вести“, вели Османи.

Како што кажа во Топ тема на Телма, овој предлог на уставни измени кои ги предложи комисијата всушност покажа дека на најдобар начин се штитит нашите позиции во однос на малцинската група Бугари во Македонија во однос и на останатите заедници. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. Западните политичари потенцираа дека тоа е важно и дека сега треба да се случат уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ верува дека уставните измени нема да поминат во Собранието.

To Top