Коментари

Прво требаше да биде разрешен Организациониот директор, а дури потоа Јовев, вели Бежаровски

Доктор Нико Беќаровски, на социјалните мрежи го сподели својот став околу скандалот што деновиве ја тресе клиниката за кардиохирурхија.

„Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати.
Пропустите на УК Кардиохирургија, барем тие кои јавно ги слушнавме се исклучиво организациони и финансиски и повеќе од нормално е прво да биде разрешен Организациониот директор, а дури потоа Стручниот директор проф. д-р. Сашко Јовев.
ЗАТОА УШТЕ ЕДЕН АПЕЛ, ВЕДНАШ ИНТЕГРИРАЈТЕ ГО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР во еден правен субјект, поставете два директори (стручен и финансиски) за цел КЦ по избор на Владата, а на сите 32 организациони единици (Клиники и Институти) дозволете им сами да одберат Стручни Раководители од редот на професорскиот кадар кој го имаат, а ЗА ПРИЕМОТ НА НОВ ПЕРСОНАЛ ДА ОДЛУЧУВА ИСКЛУЧИВО СТРУЧНИОТ КОЛЕГИУМ НА СЕКОЈА КЛИНИКА.
Само така КЦ може да има стручно-научен прогрес, пациентите врвна здравствена заштита.
СЕ ДРУГО Е ИМПРОВИЗАЦИЈА“, вели Беќаровски.

To Top